Saturday, November 3, 2007

Претскажувачот

Приказната говори за едно далечно село кое било сместено во подножјето на огромна планина некаде во Месопотамија, на некое место кое сега веќе не постои. Големата планина била толку стрмна, што реката која течела повеќе изгледала на водопад, често го менувала својот тек и создавала прекрасни природни творби, пештери кои селаните често ги посетувале, и кои ги сметале за божествени места. Поради поставеноста и волшепството со кое зрачеле овие места, селаните длабоко верувале во мистичната природа на светот, а за нивните свештеници се верувало дека кога медитирале во длабок мир и тишина, можеле да го почувствуваат длабокиот здив на универзумот како пулсира и преку допирот на нивните дланки да го излекуваат секое суштество на земјата, па дури и да донесат дожд или да ја променат природата на предметите.
Културата на селото цветала, а со тоа и бројот на неговите населеници. Но никој, никој не успеал да ја искачи планината во чие подножје се наоѓало селото, се до денот кога еден од свештениците доживеал откровение дека тој е избраниот кој ќе се качи на планината и потоа ќе се врати на своите соселани да им ја каже вистината за светот. Наредниот ден, во зорнина, без воопшто да губи време, им соопштил на своите пријатели за својата судбина и тргнал нагоре по планината. Додека се качувал, му се чинело дека патот сам се трасира пред неговите нозе. Кога пристигнал на врвот, тој видел дека долгнавестиот врв на планината бил всушност брег на едно огромно езеро кое се сливало надолу и ја формирало реката која поминувала низ селото. Но исто така приметил дека врвовите на планината почнуваат да се распаѓаат, и дека наскоро целото езеро ќе го поплави селото. Побрзал надолу и им раскажал на селаните за тешката неволја која ќе ги снајде, но се на што наишол бил нивниот потсмев и неверување. Денови и денови тој ги убедувал дека единствениот начин да се спасат бил да се искачат на планината и да се населат на нејзините врвови, онаму каде тие не биле напукнати. Но тие се помислиле дека е луд и го избркале од селото. Тажен, тој заминал на врвовите, далеку од неговата родна земја. Претпоставувам дека талкал низ сиот свет, собирал и споделувал мудрости, и на крајот умрел сам, покрај морето, со едната рака длабоко закопана во морето, а другата нежно се нишка на брановите. Во зрелоста на својот живот, голем познавач на светот, но и вечен туѓинец во светот...

4 comments:

Vladimir said...

Интересно.

Конечно, да видиме нешто на “хартија“ од Горјан.

Уште еднаш ќе кажам, прилично интересно.

Инаку, во оваа прилика сакам да ја поздравам братучетка ми од Минхен, а воедно да го поздравам и доаѓањето на Горјан во блогерската заедница. :)))

Unknown said...

TY Vlado!

Anonymous said...

Ainsi quand tu parles, o poete, dans une enumeration delectable,

Proferant de chaque le nom,

Comme un pere tu l'appeles mysteriesement dans son principe, et selon que jadis

Tu participas a sa sreation, tu cooperes a son existence!

Pol Klodel

Unknown said...

Зарем вистина се толку блиски стварите во овој ладен свет, што кога ќе ги наречеме, тие стануваат дел од нас, а ние, дел од светот...